• Иван Димовски
Фудбалерите на Аугсбург и Хофенхајм одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2 во рамките од 29. коло во Бундеслигата. Натпреварот во Баварија понуди многу возбудувања, четири гола, промашен пенал и дури осум жолти картони, а домаќините имаат за што да жалат по пропуштената победа.
Аугсбург одлично го отвори натпреварот и поведе во 11. минута преку Алексис Клод-Морис кој прецизно стрелаше во далечниот агол. Само три минути подоцна, по нова лоша реакција во одбраната на гостите, Михаел Грегорич зголеми на 2-0.
Сепак, гостите од Зинсхајм брзо се вратија во игра. Робин Хранач намали во 35. минута по корнер на Владимир Цоуфал, а само седум минути подоцна Базумана Туре со силен удар од мал агол израмни на 2-2. Аугсбург имаше златна можност повторно да поведе во финишот, но Клод-Морис во 85. минута не реализираше пенал и ја испрати топката над голот.
- Извештај од натпреварот:
По ова реми, Аугсбург се наоѓа на 10. позиција со 33 бодови, додека Хофенхајм е петти со 51 бод.



