ВИДЕО: Атрактивно реми на Арминија и Гројтер во Бундеслигата

Две од трите екипи во опасниот дел од табелата во Бундеслигата, Арминија Билифилд и Гројтер Фирт одиграа атрактивно реми (2-2) во рамките на 19. коло. Со по два погодоци во двете полувремиња, екипите од дното на германскиот фудбал ги продолжија своите „серии“ ремија. 

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатот на „Шуко Арена“ го отвори Окугава кој погоди по осум минути игра за 1-0. До полувремето по асистенција на Хргота, израмнувачкиот погодок го постигна Левелинг во 35. минута од средбата. 

По неколкуте промени во двата табора, Гројтер Фирт успеа да дојде до целосен пресврт. Хавард Нилсен погоди со глава по центаршут на Сегуин и од 67. минута гостите поведоа. Сепак, домашните фудбалери не запреа, па резервистот Кастро во завршницата стрелаше за конечните 2-2 и бод на Арминија. 

По комплетирањето на 19 коло во Бундеслигата, Арминија со 18 бода се наоѓа на 16 место кое води во баражот, додека „фенерџијата“ Гројтер Фирт и покрај трите ремија во низа е закован на дното со седум бода.

Состави

Marco Kostmann

4-2-3-1

    Stefan Leitl

    4-3-3