ВИДЕО: Атрактивно прво и здодевно второ полувреме – Јуве и Интер си поделија по бод! 

Одлично прво и здодевно и бледо второ полувреме – ова е епилогот од дербито на 13. коло во Серија А меѓу Јувентус и Интер, кое на крај заврши со поделба на бодовите (1-1). Тимот од Торино прв зададе удар и преку Влаховиќ поведе со 1-0, но Интер веднаш реагираше и преку Лаутаро Мартинез стигна до значаен бод и останување на лидерската позиција на табелата во домашниот шампионат.

  • Извештај од натпреварот:

Момците на Масимилијано Алегри помотивирано го отворија големото дерби на Италија. Федерико Киеза, кој блесна на натпреварот со Македонија во Рим, во 15. минута ја испрати првата закана на „Алијанц Арена“, но не успеа да го совлада Јан Зомер. Но, дванаесет минути подоцна мајсторски проби по левата страна и испрати прецизно додавање до Душан Влаховиќ, кој фудбалски, од прва, со послабата десна нога го матира гостинскиот голман и донесе голема радост на трибините (0-1).

Но, предноста на „старата дама“ беше анулирана по само пет минути игра, откако Маркус Турам го пронајде Лаутаро Мартинез, а Аргентинецот ја смести топката зад грбот на Шчесни, за израмнување на 1-1. За првиот стрелец во Серија А оваа сезона ова беше прв погодок во седмото дерби против големиот ривал Јувентус.

По возбудливиот период, следуваше мирна игра на двете страни, па на полувреме се замина со егал резултат. Ништо ново не донесе ниту стартот на вториот дел. По паузата двете екипи играа претпазливо и трпеливо, a тоа донесе само еден директен удар во рамката на голот. Асистентот на голот на Интер, Турам имаше одлична можност за погодок, но Шчесни беше на висината на задачата и го сопре ударот на францускиот ас.

Во следното коло Интер одново игра големо дерби, против шампионот Наполи и Ељиф Елмас, додека Јувентус ќе патува во Монца.

Состави

Тиаго Мота

3-5-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2