ВИДЕО: Атрактивниот Брентфорд го понижи Свонси и е на чекор до Премиер лига

Екипата на Свонси со минимална предност од 1-0 отпатува за Лондон по заверка на пласманот во финалето од плеј-офот на Чемпионшип, но за Велс се врати со наведната глава, затоа што претрпе тежок пораз од Брентфорд.

Малиот клуб од „Грифин Парк“ е на само еден чекор до историски пласман во Премиер лигата, откако вечерва одигра перфектен натпревар и повеќе од заслужено со 3-1 славеше победа над ривалот од Велс.

  • Извештај од натпреварот: 

Бретнфорд конечно заличи на оној од почетокот на сезоната во Чемпионшип и својата брза и офанзивна игра ја круниса со два експресни гола во противничката мрежа кои беа најава за големото славје. Резултатот го отвори Воткинс во 11. минута, а веќе во следниот напад на 2-0 зголеми Меркондес, додека печат на победата на Брентфорд стави Мбеумо со погодок во 46. минута. До крајот на натпреварот гостите од Велс успеаја само да го ублажат поразот, откако Брустер во 78. минута ги постави конечните 3-1.

Во големото финале на „Вембли“, Брентфорд за свој противник ќе го има подобриот од двомечот меѓу Фулам и Кардиф. Во првиот полуфинален дуел, Фулам како гостин извојува победа од 0-2.