ВИДЕО: Атрактивен волеј-гол на Чурлинов за првенец во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов постигна погодок за полска Јагјелонија во рамки на тамошната Екстракласа, во победата над Корона Киелце со 3-1.

Крилниот играч успеа да погоди во 67. минута на атрактивен начин. Репрезентативецот реализира со волеј-шут од работ на казнениот простор.

За Чурлинов ова беше прв гол во Екстракласа лигата каде има уште две асистенции, а за Јагјелонија има уште погодоци во Конференциската лига на УЕФА. Зад своето име тој има и две асистенции.