ВИДЕО: Атракција за најавни шпици во ВМФЛ – гол со „ножички“ на фудбалер на Победа!

Екипата на Победа, која речиси цела сезона се соочува со сериозни проблеми како на организациски и финансиски, така и на играчки план, викендов забележа уште еден пораз во Втората македонска фудбалска лига.

На гостувањето во Виница, младите фудбалери од Прилеп беа поразени од Слога со 4-2, но овој натпревар беше одбележан со еден спектакуларен гол во режија на играч на гостите. Имено, Стефан Наскоски во финишот од првото полувреме покажа врни напаѓачки перформанси, постигнувајќи гол со „ножички“ каков што ретко се гледа на македонските терени.

Членот на Победа, по приемот на топката, се сврте кон противничкиот гол и со најтешкиот удар во фудбалот успеа да го совлада домашниот гол и да ги придобие симпатиите на неутралните фудбалски фанови.