ВИДЕО: Атракција на мал простор и мајсторски гол на Гризман

Фудбалерите на Франција го отворија резултатот на „Групама“ стадионот, откако Антоан Гризман постигна атрактивен погодок (1-0) во пресметката со Финска во квалификациите за СП.

Храбрите Финци одлично парираа уште од стартот, но со две мајстории на мал простор, Карим Бензема и Гризман донесоа предност за „триколорите“. Бензема доби топка од крило, со атрактивна асистенција со надворешниот дел од копачката го проигра напаѓачот на Атлетико, кој на сличен начин убавата акција ја круниса со гол. 

  • Убавата акција и атрактивниот гол на Гризман: 

Французите се мачат и се во криза, бидејќи на последните пет натпревари се без славје, ама овој погодок е причина за радост на фановите.

Состави

Дидие Дешамп

4-4-2

    Markku Kanerva

    4-4-2