ВИДЕО: Атракција на Депај, Барса лесно се справи со Штутгарт

Барселона продолжи да победува на пријателските средби и го совлада Штутгарт (3-0) во третиот пријателски натпревар ова лето.

Каталонците по високите победи над Жирона и Гимнстик дојдоа и до сигурна победа над комбинираниот бундеслигаш, во чии редови не беше македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов.

Моментот на натпреварот го имаше новото засилување Мемфис Депај, кој го отвори резултатот во 21. минута откако атрактивно се ослободи од противник и силно биеше во мрежата. Потоа погоди уште еден нов играч, младиот Јусуф Демир кој пристигна од Рапид, а точка стави Рики Пуч во 71. минута. На двата гола асистент беше Антоан Гризман.

  • Извештај од натпреварот:

Следен пријателски натпревар за Барселона ќе биде на 4 август против австрискиот бундеслигаш Салцбург.