ВИДЕО: Атракција на Алији, Шкендија Арачиново по пенали во следна Куп-фаза!

Екипата на Шкендија Арачиново обезбеди место во осминафиналето од Купот на Македонија. Тимот на Љупчо Марковски славеше над Саса по изведување на пенали (1-1 регуларен дел, 3-2 пенали) на Градскиот стадион во Куманово и се пласира меѓу шеснааесетте најдобри.

Дуелот во Скопје беше без голови во првиот дел, а домашната екипа во продолжението остана со играч помалку затоа што два жолти картони доби Кристијан Коцев. Исто така, пенал промаши и Александар Ѓорѓиевски. Саса дојде до предност во 59. минута кога по еден центаршут од прекин на Ајрули погоди Милош Спасовски, а во продолжението од мечот, Бурхан Алији израмни со одличен гол во последните минути од средбата на 1-1.

Имаше уште десетина минути за игра, во кои не видовме нов погодок, па мечот замина на пенали. Во шутевите од белата точка поуспешна беше екипата на Шкендија Арачиново. Саса ги промаши првите два пенали, првиот ја погоди пречктата, вториот го фати голманот Баки Алиу. Подоцна за Шкендија пенал промаши Љупче Трпески, но со голот на Дарио Десниќ, арачиновци обезбедија следна фаза.

Осминафинале во Купот на Македонија претходно обезбедија и Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Беласица, ГФК Охрид и Детонит Плачковица.