Атлетико влегува во трката за најскапиот фудбалер во Премиер лигата

Потребата од напаѓач во Атлетико Мадрид би можела да биде спасот за Алексис Санчез.

Диего Симеоне наводно го посакува во своите редови како замена за Антоан Гризман. Најдобриот голгетер на „јорганџиите“ најави дека заминува по пет сезони во шпанската престолнина.

Планот е да се доведе Чилеанецот на позајмица во наредните две сезони. Проблемот при купувањето на најскапиот фудбалер во Премиер лигата е неговата висока плата.

Екипата на Манчестер Јунајтед е подготвена да плаќа дел од неговите примања, само да се ослободи од него ова лето. Санчез не се снајде на „Олд Трафорд“ и важи за едно од најголемите промашувања на клубот.

Офанзивецот не би имал ништо против да се врати во Шпанија, иако за него постои интерес и од Интер и ПСЖ.