Атлетико влегува во трката за Џеси Лингард

Џеси Лингард

Англискиот фудбалер Џеси Лингард е изненадувачка опција за нападот во Атлетико Мадрид. „Дејли Мејл“ пишува дека актуелниот шпански првак го посакува голгетерот во своите редови. 28-годишникот прикажа одлична форма на позајмицата во Вест Хем. Тоа го натера Оле Гунар Солскјер да размислува да го врати на „Олд Трафорд“.

Наводно, премиерлигашот е подготвен да му понуди нов договор на Лингард. Со истиот тој ќе заработува 130.000 фунти неделно. Диего Симеоне е фан на неговата игра и би сакал да го види во својот тим за наредната сезона. Но, засега нема доставено официјална понуда до Јунајтед.

Продуктот од школата на „црвените ѓаволи“ и покрај добрата форма не доби шанса за настап на Европското првенство.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.