• Иван Димовски


Како што започна, со само една победа во првите пет кола, изгледаше како сезона за заборав. Но чекор по чекор Атлетико се проби до самиот врв, испраќајќи порака до сите што однапред го отпишаа дека жестоко згрешија. Тимот е тука, подготвен да се вмеша во борбата за шампионската титула, а подобра шанса да ја истакне својата кандидатура тешко дека ќе има од гостувањето кај Барселона во дербито од вонредното 19. коло во Примера.
Атлетико го дочекува овој дуел во идеално расположение. Составот на Диего Симеоне е во подем од моментот кога во средината на септември ремизираше со Рајо Ваљекано. Од тогаш па наваму запиша 10 победи на 12 натпревари во сите конкуренции (текстот е подготвен пред дуелот со Овиедо што е закажан за викенд), последната против Интер во Лигата на шампионите, со што дополнително ја подигна самодовербата пред гостувањето на „Камп Ноу“.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид
Во Барселона пак расположението не е на посакуваното ниво. Незадоволството од играта што фудбалерите го изразија по поразот во Ел Класико, а потоа и по ремито со Бриж во Лигата на шампионите, кулминираше со уште еден разочарувачки резултат во елитното европско натпреварување, откако тимот на Ханси Флик беше декласиран на Стемфорд Бриџ со 3-0. Добра вест за германскиот стратег е што во тимот се врати Рафиња, кој месец и пол беше надвор поради повреда и на последните четири меѓусебни пресметки на овие ривали намести исто толку голови.







