ВИДЕО: Атлетико со рутинска победа над Џирона се загреваше за Барса! 

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, по поразот од Атлетик Билбао пред 17 дена, го запишаа вториот триумф во низа во домашниот шампионат, откако вечерва во првиот натпревар од 30. коло на Примера славеа рутински со 2-0 над незгодната Џирона

Избраниците на Диего Симеоне можеби не доминираа на терен како што се очекуваше од нив, но сепак благодарение на погодоците на дефанзивецот Диего Годин и првата ѕвезда Антоан Гризман, забележаа значајни три бода во борбата за шампионската титула со бранителот на титулата Барселона

  • Извештај од натпреварот: 

Во првите 45 минути на „Ванда Метрополитано“ поблиску до водство беа гостите, кои преку Думбиа пропуштија две изгледни шанси за радост, додека домашните фанови на првата шанса на своите миленици чекаа до 39. минута кога непрецизен беше Коке, а веднаш потоа и Мората. 

  • Спорниот гол на Годин за водство и победа на Атлетико Мадрид против Џирона: 

Сепак, во вториот дел „јорганџиите“ заиграа поангажирано и ги презедоа работите во свои раце. Тоа вроди со плод во 70. минута кога Годин го отвори резултатот, а во самиот финиш за конечни 2-0 се погрижи Антоан Гризман. 

Во следното коло Атлетико го игра големото дерби со Барселона, додека Џирона ќе ја пречека екипата на Еспањол