ВИДЕО: Атлетико со пресврт-победа до полн плен со Еспањол

Екипата на Атлетико Мадрид дојде до нова победа во Примера и на домашен терен славеше над Еспањол (3-1), триумф со кој се врати на победите во шпанскиот фудбал.

„Јорганџиите“ имаа две ремија по ред, а триумфот над Еспањол ги врати меѓу најдобрите во шпанската елита. До трите бода, избраниците на Симеоне дојдоа со пресврт-победа, затоа што гостинот беше прв што водеше.

  • Извештај од натпреварот:

Во 38. минута, Дардер го изненади фаворитот на хартија и донесе предност за гостинот, меѓутоа пред финишот на првиот дел Кореа по асистенција на Мората изедначи на 1-1. На стартот на вториот дел, Мората стрелаше во мрежата на Еспањол за предност на Атлетико, а пред самиот крај, Коке ја потврди победата.

Атлетико е третопласиран во Примера со 24 бода, еден помалку од Барселона и Реал Мадрид кои воедно имаат и меч помалку. Еспањол, пак, има три порази во низа и е претпоследен.