ВИДЕО: Атлетико до „минималец“, Чоло по девет години ја победи Барса во Примера

Атлетико Мадрид со еден гол во мрежата на Тер Штеген се радува со победа од 1-0 во дуелот од десеттото коло на Примера. Во судиското надополнување од првиот дел, голманот на Барселона излета и прими наивен гол, со кој Атлетико поведе, а по продолжението мадриѓани го задржаа голот позитива. 

  • Извештај од натпреварот:

Барселона се закани по противничкиот гол по три минути игра, кога Гризман биеше над пречката на Атлетико. На спротивната страна, Саул имаше можност за отворање на резултатот, ама Марк Андре Тер Штеген одбрани. Во низата се приклучи и Лионел Меси, кој можеше да погоди, ама изнуди одбрана на Облак. 

Иако сите очекуваа полувеме без голови, Атлетико Мадрид успеа да поведе со 1-0 пред полувремето. Јаник Фереира Караско го искористи киксот и излетувањето на Тер Штеген, па погоди во празната мрежа на Каталонците во третата минута од продолжението. 

По паузата, очекувано Барселона тргна поконкретно. Ленгле прв се закани, ама со глава биеше во делот од голот кој Облак одлично го бранеше. Следен во низата се приклучи Антоан Гризман, кој против својот поранешен тим, биеше до стативата. Каталонскиот гигант во целост ја презеде иницијативата и се закануваше по голот на Облак, ама одбранаата поставена од Симеоне беше одлична и не дозволи посериозни упади пред својот гол. 

Барселона го загуби дуелот во Мадрид и по осум кола остана на десеттото место со 11 освоени бодови, додека Атлетико е втор со девет повеќе.