ВИДЕО: Атлетико со четири гола во едно полувреме го „разби“ Кадиз

Фудбалерите на Атлетико Мадрид продолжуваат со позитивните резултати во Примера и вечерва ја забележаа осмата победа во новата сезона, по која ја зазедоа втората позиција на табелата во шпанскиот шампионат. 

Пред лутите момци на Диего Симеоне, кои пред три дена го загубија дербито во Лигата на шампионите од Милан, падна тимот на Кадиз, кој иако одлично се држеше во првото полувреме, во второто беше разбиен и поразен со 1-4 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Првите 45 минути не донесоа возбудувања и допадлив фудбал, но затоа во продолжението шампионот презеде сè во свои раце и без многу проблеми го скрши отпорот на домаќинот. Резултатот го отвори Французинот Тома Лемар во 56. минута, а потоа во листата на стрелците се запишаа Гризман и Кореа, додека точка на мечот стави Куња во 86. минута.

Единствениот погодок за Кадиз беше дело на голманот Јан Облак, кој во финишот си постигна автогол, за намалување на резултатот на 1-3. Следен предизвик на шампионот е тимот на Мајорка, додека Кадиз го игра дербито на дното против Елче.

Состави

Alvaro Cervera

4-4-2

    Диего Симеоне

    5-3-2