ВИДЕО: Атлетико со 14-тата победа во низа стана лидер во Примера

Екипата на Атлетико Мадрид продолжи да игра во топ-форма и со победата над Осасуна (1-0) тимот се искачи на врвот на табелата во шпанска Примера.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот на Чоло Симеоне една од најдобрите екипи во Европа според формата, затоа што има 14 победи во низа во сите натпреварувања.

До овој значаен триумф над Осасуна, тимот од Мадрид дојде во второто полувреме. Во првиот дел Гризман даде гол, но ВАР му го поништи заради игра со рака, додека во вториот дел победата дојде во 55. минута благодарение на голот на Алварез.

Атлетико во следното коло во Шпанија гостува кај Леганес.