ВИДЕО: Атлетико силен за Рајо, Бетис уште ја сонува ЛШ

Екипите на Атлетико Мадрид и Бетис ги оправдаа фаворитските улоги во Примера и се зацврстија на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Атлетико дома беше сигурен со Рајо Ваљекано, кого го совлада со високи 3-0 (2-0). Тимот на Чоло Симеоне го отвори мечот во 3. минута кога погоди Сорлот, а потоа во 45. минута Галагер зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави Алварез со гол во 77. минута.

  • Атлетико Мадрид - Рајо Ваљекано 3-0:

Бетис освои важни три бода со давеникот Ваљадолид (5-1) и застана на петтата позиција која е последна која води во Лигата на шампионите. Родригез, Перау и Чуки погодија за двата тима во првиот дел (1-1), а потоа Чучо и Иско донесоа три бода за „зелените“.

До крајот на шпанска Примера има уште пет кола.