ВИДЕО: Атлетико рутински обезбеди осминафинале на Купот на кралот

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и во реваншот од третото коло на Купот на Кралот славеа победа против нисколигашот Сант Андреу, овојпат со 4-0 и со вкупни 5-0 обезбедија пласман ов осминафиналето.

Диего Симеоне на денешниот натпревар настапи со комбиниран состав, а отпорот на нисколигашот, „јорганџиите“ го скршија дури во вториот дел. Во периодот од 48. до 55. минута, Лемар, Калиниќ и Кореа донесоа предност од 3-0, а конечните 4-0 ги постави Витоло во 81. минута.

Пласман во осминафиналето обезбеди и тимот на Џирона, која на домашен терен го совлада Алавес со 2-1, откако првиот меч во Баскија заврши со 2-2. Алавес на денешниот натпревар прв поведе по автоголот на Алкала, но Гранел и Порту за пет минути постигнаа два гола и донесоа голема победа за каталонскиот тим.