ВИДЕО: Атлетико рутински ја среди Хуеска и се доближи на -2 од Барселона

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во рамките на 20. коло на Примера на гостински терен славеа победа против Хуеска со 0-3 (0-1) и барем до утре се доближија на само -2 бода од лидерот Барселона.

Почетокот на натпреварот беше отворен и со шанси на двете страни, но Облак на едната и Сантамариа на другата страна беа одлични и не дозволуваа негатива на своите тимови. Така беше се до 31. минута кога Лукас ја искористи одличната асистенција од Коке и донесе предност за својот тим од 0-1.

Конечниот исчекор кон важната победа „јорганџиите“ го направија на стартот на вториот дел, кога Гризман нафрли една топка во шеснаесетникот, а Ариас егзекутира за водство од 0-2. По вториот примен погодок Баскијците не успеваа да се вратат во игра, а победата на тимот на Диего Симеоне ја потврди Коке со погодок во 71. минута.

Во следното коло Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ ќе игра против градскиот ривал Хетафе, додека Хуеска, која е се поблиску до Сегунда, ќе гостува кај тимот на Реал Сосиедад.