• Иван Димовски


Мадрилењо – четврти дел. Дербито на шпанската престолнина уште еднаш ќе го собере вниманието на фудбалската јавност кога Атлетико на Метрополитано ќе го дочека Реал во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите в среда.
Првиот меч донесе доста возбудувања, беспоштедна борба која заврши со победа на Реал (2:1). Сепак, Атлетико има причина за оптимизам и право да се надева дека ќе го надокнади заостанокот и ќе мине понатаму. Меѓутоа, традицијата вели дека нема да успее. Во друго натпреварување можеби, ама во Лигата на шампионите многу, многу тешеко. Меѓу другото ниту еднаш досега не успеал да го надмудри Кралот во неговото натпреварување иако петпати се среќаваа во нокаут фазата, вкучувајќи ги и финалињата од 2014 и 2016 година.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид
Диего Симеоне надежите ќе ги полага на сонародникот Хулијан Алварез кој игра сезона на животот, златна замена каква што нема ниту еден друг тренер во Европа и втората надеж е Метрополитано. На него Атлетико не загубил три ипол месеци, уште од поразот од Лил во Лигата на шампионите, а стигна до 11 победи и две ремија во сите натпреварувања. Сепак, тоа е терен кој не му претставува преголема предност кога игра против Реал бидејќи од последните 13 натпревари против градскиот ривал пред своите навивачи доби само три. Нема ниту Реал премногу успех, од споменатите 13 средби славеше исто така на три, ама нему и реми му е доволно.
И затоа во меч кој многу лесно може да заврши со било кој исход е најдобро да се обложувате на голови. Конкретно на играта ГГ која мина на секој од последните десет меѓусебни меча.