Атлетико пронајде десен бек, Трипие станува „јорганџија“

Десниот бек на Тотенхем, Киеран Трипие, во наредните неколку дена ќе биде претставен како нов фудбалер на екипата на Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне побарал од управата сериозно да пристапи кон трансферот на овој фудбалер кој ќе го чини клубот 30 милиони евра. Прва опција за „јорганџиите“ беше Нелсон Семедо од Барселона, но преговорите за него пропаднаа пред неколку недели.

Англичанецот има големо искуство во претходните три сезони како дел од лондонскиот гигант, со коj беше европски вицешампион. Исто така, со репрезентацијата на Англија се избори за полуфинале на Светското првенство во Русија.

Атлетико конечно ќе ја засили одбраната по заминувањето на Хуанфран, Луис Фелипе и Диего Годин.