Атлетико на шопинг во Германија: 19-годишен Турчин го менува Годин

Озан Кабак

На крајот од сезоната искусниот Диего Годин најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе се пресели во редовите на Интер.

Диего Симеоне веднаш започна да бара алтернатива на централната дефанзивна позиција и истата ја пронајде во Германија, пишува „Билд“.

Се работи за талентираниот Озан Мухамед Кабак, кој ги брани боите на Штутгарт. Тој има само 19 години и важи за еден од најдобрите млади фудбалери на својата позиција.

За него „јорганџиите“ ќе платат 15 милиони евра, колку што гласи откупната клаузула во договорот на Турчинот.

Дефанзивецот се пресели во Бундеслигата за 11 милиони евра од Галатасарај и така стана најскап фудбалер во историјата на Штутгарт.