Атлетико Мадрид со среден ред 100% од својата фудбалска академија

Една од тајните на успехот на шпанските екипи во Европа се нивните неверојатно квалитетни школи. За „Ла Масиа“ веќе се знаат сите детали и напишани се бајки. Но, и Атлетико Мадрид има свои „коњи за трки“.

Вечерва во Ајндховен, Диего Симеоне се определи за среден ред исклучиво составен од момчиња, кои клубот ги произвел во својата школа.

Оливер Торес, Коке, Саул и Габи ја сочинуваат четворката во редот за врска. Респект за храброста и доброто планирање на помалиот клуб од Мадрид. Во тој поголемиот скоро и да нема фудбалер од школата во стартниот тим (минатата недела против Рома само Карвахал).