• Горан Упале
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез. Флорентино Перез победи на неодамнешните избори и остана на чело на Реал Мадрид, а сега го оствари своето предизборно ветување.
Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Атлетико ја отфрли понудата и го „повика“ Реал на откупната клаузула на Алварез вредна половина милијарда евра. Алварез има 26 години, а пред да дојде во Атлетико Мадрид настапуваше за Манчестер Сити, каде беше во сенка на Ерлинг Халанд.
Но, откако дојде на „Метрополитано“, аргентинскиот репрезентативец е клучен дел од тимот предводен од Диего Симеоне. Тој одигра 106 натпревари за Атлетико со учинок од 49 гола и 17 асистенции. Неговиот договор со Атлетико истекува во летото 2030 година.


