ВИДЕО: Атлетико Мадрид конечно проработи за прва радост во Примера

Фудбалерите на Атлетико Мадрид конечно заиграа како што се очекува од нив и своите фанови ги израдуваа со прва победа во новата сезона во Примера. На „Ванда Метрополитано“ падна екипата на Виљареал, која беше совладана со 2-0 (1-0).

Резултатот во Мадрид го отвори Пабло Бариос во деветтата минута, но најголема заслуга за голот на шпанскиот ас има Јулијан Алварез, откако Аргентинецот запиша мајсторска асистенција со пета и го исфрли својот соиграч сам пред противничкиот голман. 

Овој резултат беше активен до 52. минута кога Нико Гонзалез ја натскока противничката одбрана и со глава погоди за 2-0, резултат со кој заврши натпреварот во Мадрид. 

Во следното коло Атлетико Мадрид гостува кај Мајорка, додека Виљареал на свој терен ќе го пречека тимот на Осасуна