• Саше Љолес
Екипата на Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со конечни 2-1 (1-0) во натпреварот од 16. коло во шпанската Примера и ја прекина низата од два последователни порази.
- Извештај од натпреварот:
Гостинскиот тим не беше воопшто за потценување, имаше свои шанси и за нешто повеќе на „Ванда Метрополитано“, но домаќините не дозволија нов неуспех пред своите гледачи. Головите за „јорганџиите“ ги постигнаа Коке и Антоан Гризман, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња. Посебно допадлив беше голот на Французинот, кој прими една долга топка и ефектно ја закова топката во мрежата на „лилјаците“.
Валенсија стигна до израмнување со погодокот на Лукас Белтран и неговата индидуална бравура и шут од дистанца во 63. минута, но немаше сили да стигне барем до бод на тешкото гостување во шпанската престолнина. Македонскиот голман Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резервни фудбалери.
Атлетико Мадрид сега има 34 бодови и е „закован“ на четвртата позиција, додека Валенсија доживеа пораз после четири одиграни натпревари и останува со 15 бодови на табелата.









