Атлетико Мадрид ѝ возврати на УЕФА: Играчите и фановите се фрустрирани и гневни!

Управата на Атлетико Мадрид реши да се огласи со ново соопштение по повод контроверзниот пенал на Хулијан Алварез на натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. 

УЕФА застана зад судијата Симон Маричињак и ја поддржа неговата одлука, иако самата призна дека овие ситуации треба да бидат предмет на разгледување и во иднина правилото би можело да се промени. 

„Знаеме дека грешката на ВАР-технологијата нема да го промени конечниот резултат. Без оглед на тоа колку е јасна грешката, резултатот ќе остане засекогаш.

Длабоко жалиме за оваа ситуација и нејзиното влијание врз историјата. Овој момент ја разби надежта на милиони наши навивачи кои се гневни и фрустрирани, a истото го чувствуваат и играчите. 

Се гледа јасно дека топката не се помрдна при ударот, тоа се потврдува од сите можни агли во ТВ-преносот. ВАР би требало да интервернира само во случаите на јасна и очигледна грешка, а оваа одлука беше донесена избразно и непромислено.

Во нашата ДНК немаме историја на барање изговори, веќе гледаме на нашиот следен предизвик“, стои во соопштението на мадридските „јорганџии“.

Атлетико Мадрид мораше да се помири со елиминација во осминафиналето од елитниот ранг, а сега фокусот го насочува кон Примера, каде ќе води голема битка за титулата со Барселона и Реал Мадрид.