• Горан Упале

Атлетико Мадрид го комплетираше петтото засилување во летниот преоден рок, откако го договори Џонатан Дејвид од Јувентус.
Канаѓанецот пристигнува на едногодишна позајмица, а мадриѓани ќе имаат можност да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за 25 милиони евра. Јувентус ќе покрива половина од неговата плата. Дејвид во Торино не ги оправда очекувањата. По одличните години во Лил, каде постигна 109 гола на 232 натпревари, за Јувентус на 47 средби се запиша во листата на стрелците само осум пати.
Сега Диего Симеоне ќе има задача да го врати канадскиот репрезентативец во голгетерска форма.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.










