Атлетико Мадрид договори огромно засилување за дефанзивата

Атлетико Мадрид ќе ја зацврсти дефанзивната линија со шпанскиот репрезентативец Робин Ле Норман. 27-годишниот стопер кој во моментов е на Европското првенство со Шпанија е пред трансфер на „Ванда Метрополитано“. Атлетико пронајде заеднички јазик со Реал Сосиедад и за 30 милиони евра ќе го откупи договорот на Ле Норман. 

Личните услови меѓу двете страни беа договорени уште пред да падне договорот меѓу клубовите. Се очекува Ле Норман да стави потпис на долга соработка со Атлетико Мадрид. Засега непознато е кога ќе дојде до официјализација, но можеби ќе се чека крајот на Европското првенство.

Инаку, Робин Ле Норман од 2019 година настапува за Реал Сосиедад, а пристигна од Брест. Станува збор за момче кое има двојно државјанство, француско и шпанско, но минатото лето го прифати повикот на Луис де ла Фуенте да игра за „фуријата“.