Атлетико купи и лев бек: Марио Хермозо е замената за Лукас Хернандез

Со продажбите на Гризман, Лукас Хернандез и Родри, Атлетико Мадрид собра скоро 300 милиони и комплетно го реновира тимот. Така, левиот бек Марио Хермосо го напушти Еспањол и потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“. 

Откако вчера го донесе Трипие како десен бек, денес Атлетико Мадрид плати 25 милиони евра за нов лев бек. Половина од оваа сума заврши кај Реал Мадрид кој и натаму имаше дел од првата на стоперот.

Овој лев бек е замена за Лукас Хернандез кој за сума од 80 милиони евра потпиша за минхенски Баерн. Атлетико Мадрид веќе купи половина тим, бидејќи нови членови на клубот од „Ванда Метрополитано“ се Жоао Феликс, Херера, Трипие, Љоренте, Шапоњиќ...

Марио Хермосо попладнево ќе биде претставен во новиот клуб и првпат ќе зборува пред новинарите.