Атлетико ќе поднесе жалба до УЕФА поради прославата на Роналдо!

Поразот од Јувентус им падна тешко на фубалерите на Атлетико Мадрид, кои вторпат дозволија Кристијано Роналдо да им даде три гола.

Гестот на Португалецот по остварениот пресврт во Торино наиде на осуда од страна на УЕФА која ќе ја разгледа целата ситуација и ќе одлучува за потенцијална казна. 

Сега се огласија и „јорганџиите“, кои нема да останат тивки и ќе се жалат за срамното однесување на најдобриот фудбалер на „старата дама“. Тој ја имитираше прославата на Диего Симеоне, тренерот на мадриѓани, кој се радуваше неспортски по победата на првиот натпревар на домашен терен.

  • Прославата на Роналдо: 

Дисциплинската комисија за тоа го казни аргентинскиот тренер со 20.000 евра поради недоличното однесување на „Ванда Метрополитано“.

Клубот од Мадрид подготвува жалба до УЕФА, во која ќе бара санкција за Роналдо поради неговиот гест пред навивачите на Атлетико кои допатуваа на „Јувентус Алијанц Стадуим“.