ВИДЕО: Атлетико не знае надвор од Мадрид, само реми на гостувањето во Виго

Кога го напуштаат својот „Ванда Метрополитано“, фудбалерите на Атлетико Мадрид како да забораваат да играат фудбал. На свој терен, без многу проблеми можат да ги победат Реал и Ајнтрахт еден по друг (со пет постигнати гола), додека сè уште бараат прв триумф во сезоната на гостински терен. Таа несреќа ги снајде и вечерва кај Селта Виго, со која не можеа да постигнат ништо повеќе од еден бод (1-1).

  • Извештај од натпреварот:

Мадриѓани ја имаа предноста во свои раце уште по шест минути фудбал, кога Карл Старфелт го смени правецот на топката кон сопствената мрежа и си постигна автогол. Сепак, изворот на незадоволство стигна еден час подоцна кога Јаго Аспас му донесе на својот тим израмнување и голем бод за Селта.

Но, гледајќи ја ситуацијата од поширока перспектива, „јорганџиите“ треба да бидат задоволни од овој резултат, затоа што од 40. минута играа со еден фудбалер, кога Клемен Ленгле непромислено доби втор жолт картон и со тоа ги расипа плановите на Диего Симеоне. 

Атлетико на репрезентативна пауза оди со 13 бода и петто место на табелата, а Селта со шест бода е на шеснаесеттото место.