ВИДЕО: Атлетико ја наполни и слабата Валенсија

Екипата на Атлетико Мадрид запиша победа над Валенсија (3-0) и застана зад водечките Барселона и Реал Мадрид на табелата во шпанска Примера.

„Јорганџиите“ продолжија со ефикасните партии на домашната сцена и се зацврстија на третата позиција која води во Лигата на шампионите. Валенсија, пак, повторно демонстрира очајна игра и останува во борбата за опстанок.

Се играше 23. минута кога Антоан Гризман донесе предност за Атлетико. Мечот можеше да има поинаков тек, ако не беше поништениот гол на Дуро во 30. минута со ВАР поради фаул. На стартот на вториот дел, Караско зголеми на 2-0, а печат на триумфот стави Лемар во 67. минута.

Атлетико во следната рунда ќе игра важен меч со еден од конкурентите за ЛШ, тоа е Бетис, додека Валенсија на домашен терен ќе се соочи со Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.

Состави

Диего Симеоне

4-4-2

    Рубен Бараха

    4-4-2