Атлетико има 0/14 во дуелите со Барса откако Симеоне седна на тренерската клупа

Меси Гризман

Ремито на Барселона против Виљареал повторно ја врати надежта кај фудбалерите на Атлетико Мадрид во борбата за титулата во Примера.

Двата лути ривали денес ќе се надигруваат на „Камп Ноу“ во мечот кој може да биде клучен за конечниот пласман на табелата. 

„Јорганџиите“ двапати ја елиминираа каталонската екипа во Лигата на шампионите (во сезоните 2013/14 и 2015/16), но имаат проблеми да остварат позитивен резултат во домашното првенство. Откако Диего Симеоне седна на тренерската клупа во 2012 година, мадриѓани не успеале да победат на  ниту еден меч против Барса, или во превод, имаат 14 неуспешни обиди.

Сите 14 меѓусебни натпревари од 2012 година до денес:

  • сезона 2011/12: Атлетико Мадрид - Барселона 1-2 
  • сезона 2012/13: Атлетико Мадрид - Барселона 1-4; Барселона - Атлетико Мадрид 2-1
  • сезона 2013/14: Атлетико Мадрид - Барселона 0-0; Барселона - Атлетико Мадрид 1-1 
  • сезона 2014/15: Атлетико Мадрид - Барселона 1-3; Барселона - Атлетико Мадрид 1-0
  • сезона 2015/16: Атлетико Мадрид - Барселона 1-2; Барселона - Атлетико Мадрид 2-1
  • сезона 2016/17: Атлетико Мадрид - Барселона 1-1; Барселона - Атлетико Мадрид 2-1
  • сезона 2017/18: Атлетико Мадрид - Барселона 1-1; Барселона - Атлетико Мадрид 1-0
  • сезона 2018/19: Атлетико Мадрид - Барселона 1-1 

Најблиску беа на 24 ноември минатата година, кога Диего Коста постигна водечки погодок во 77. минута. Но, Осман Дембеле во завршницата ги израдува фановите за конечни 1-1 на „Ванда Метрополитано“.

Дополнителен проблем за Атлетико е фактот што на ниту еден од овие натпревари не постигнал повеќе од еден погодок. Со таква ефикасност, само минималниот резултат ќе биде од корист за да се задржат шансите за шампионскиот трофеј.