ВИДЕО: Атлетико губеше, но знаеше како да го разбие жилавиот Виљареал

Екипата на Атлетико Мадрид експресно им се врати на успесите во Примера, и по ремито со Валенсија во претходното коло, вечерва на убедлива начин го совлада тимот на Виљареал, во последниот натпревар од 25. коло на шпанскиот шампионат (3-1). 

  • Извештај од натпреварот. 

Фудбалерите на Диего Симеоне како сè уште да беа под импресии од големата победа на европскиот првак Ливерпул од пред неколку дена и доста опуштено го започнаа вечерашното дерби. Ваквиот пристап ги чинеше и негатива уште во 16. минута, кога Пако Алкасер на мајсторски начин со волеј испрати проектил кон голот на Облак и донесе шок на „Ванда Метрополитано“ и водство на Виљареал од 0-1. 

Сепак, радоста на гостите не траеше долго, затоа што во финишот од првиот дел Кореа на асистенција на Врсаљко го најде патот до мрежата на противникот и на полувреме се замина со резултат од 1-1. 

За разлика од првите, во вторите 45. минута „јорганџиите“ не дозволија нов лош почеток и со мудра и сигурна игра за десет минути го решија прашањето на победникот. Во 64. минута, Кореа ја презеде улогата на асистент, а Коке погоди за 2-1, додека трите бода на мадриѓани ги потврди повратникот од повредата Жоеа Феликс, кој даде прекрасен гол од дистанца.

Во следното коло Атлетико Мадрид е пред уште еден тежок дуел, затоа што гостува кај Еспањол, додека Виљареал го игра дербито против Атлетик Билбао.