Атлетико го засили одбранбениот ѕид, во Мадрид се сели и „Ел Матадор“

Единсон Кавани

Диего Симеоне започна да го гради тимот за наредната сезона. Направени се првите неколку чекори кон формирање на конкурентна екипа во Примера и Европа.

Одбраната е засилена со Фелипе Монтеиро од редовите на Порто. Бразилецот ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ за сума од 20 милиони евра.

Од Шпанија доаѓаат вести дека и Единсон Кавани ја прифатил понудата на „јорганџиите“. Уругвајскиот голгетер има уште една година од договорот со ПСЖ, но е подготвен да се пресели во шпанското првенство и да го предводи нападот на Атлетико.

За Симеоне останува дилема само новото име на левата бековска позиција.