ВИДЕО: Атлетик подобар од Гранада, Муниаин ги однесе Баскијците на чекор од финалето

Атлетик Билбао стекна значајна предност на домашен терен во полуфиналниот дуел од Купот на Кралот против Гранада (1-0). Победата можеше да биде поубедлива, но ВАР технологијата спречи дополнителна радост на Баскијците. Андер Капа постигна прекрасен погодок по еден час игра, но главниот судија оправдано го поништи поради офсајд позиција.

  • Извештај од натпреварот: 

Моментот на одлука се случи на крајот од првиот дел. Ињаки Вилијамс тргна во акција по левата страна и умешно, низ нозете на противникот, додаде до Икер Муниаин, овозможувајќи му лесна завршница.

Домаќинот заслужено стекна минимална предност на првиот меч од полуфиналната фаза. Вечерва беше подобар противник и упати дури 21 удар кон противничкиот гол.

Во второто полуфинале кое се игра утре Реал Сосиедад ќе го пречека Мирандес. Возвратните натпревари се играат следната недела, а големото финале е предвидено за 18 април на „Олимпискиот стадион“ во Севиља.