• Зоран Мишевски
По четириесет години чекање, Атлетик Билбао го освои Купот на Кралот. Во антологиско и драматично финале на „Ла Картуха“ во Севиља, баскискагта гордост го освои трофејот со победа од 4-2 по изведување на пенали, откако натпреварот во 120 минути заврши 1-1.
Момците на Хавиер Агире поведоа во 21. минута, кога Дани Родригез од отпадок погоди за водство на Мајорка. Атлетик уште до одморот се консолдира и преку Нико Вилијамс ја затресе мрежата од надворешната страна. Сепак, она што не му успеа во првиот дел, Баскијците го реализираа на почетокот од второто полувреме. Оихан Сансет на прекрасен начин погоди за израмнување во 50. минута.
Следуваше отворен тек на финалето, се редеа шанси пред двата гола, но резултатот не се менуваше. Во екстра време и Муричи и Муниан од слободен удар се заканија, но Агирезабала и Греиф не беа повеќе совладани.
- Извештај од натпреварот:
Одлуката ја донесоа казнените удари. Моралес биеше млако и Агирезабала одбрани, а Србинот Радоњиќ го префрли голот. Така, сите изведувачи на Валверде реализираа и титулата од Купот на Кралот патува за Билбао.





