• Горан Упале

Eкипата на Атлетик Билбао е последниот патник во осминафиналето во Купот на Кралот. Тимот од Примера ја потврди улогата на фавориот и на вечерашното гостување кај Елденсе извојува сигурна победа од 1-6 (0-2).
- Елденсе - Атлетик Билбао 1-6:
Баскијците својата задача ја завршија уште во првиот дел. Нико Вилијамс во 35. минута погоди за водство на Атлетик од 0-1, додека пред паузата во листата на стрелците се запиша Беренгер за комотни 0-2. Во вториот дел гол-серијата на гостинот од Билбао ја продолжија Зарага, Муниаин и одново Беренгер, додека автогол си даде Кореа. За Елденсе почесниот погодок го постигна Соберон во 74. минута.
- Гимнастик Тарагона - Осасуна 1-2:
Место меѓу шеснаесетте најдобри обезбеди и екипата на Осасуна, која што по продолжението го скрши отпорот на Гимнастик од Тарагона и славеше со 1-2. Убедливо славје запиша тимот на Бетис, кој на гости со 1-4 го совлада составот на Ибица.
- Ибица - Бетис 1-4:
Домаќинот изнанедувачки имаше водство од 1-0 на полувреме, но во продолжение работите си дојдоа на свое и Бетис со головите на Хосе (2), Гонзалез и Фекир стигна до посакуваниот триумф и пласман во осминафиналето.