• Иван Димовски

Атлетик Билбао ја запиша својата втора првенствена победа во Примера, на гостуањето на „Естадио Нуево Мирандиља“ кај Кадиз со убедливи 0-3 (0-1). „Фенерџијата“ по три кола немаше сили да го изненади тимот од Баскија, па капитулира и го загуби натпреварот пред своја публика.
- Извештај од натпреварот:
Дуелот тргна веднаш во знакот на гостинската екипа. Сепак, за гол се чекаше до 24. минута од пресметката. Инаки Вилијамс искористи грешка на одбраната и ја смести топката во мрежата за предност од 0-1. Истиот фудбалер можеше со својот втор погодок да ја удвои позитивата, меѓутоа во 35. минута не реализира пенал, односно Јеремиас Ледесма му го скроти ударот од 11 метри.
Промашениот пенал не го скрши мотивот на гостите, напротив Атлетик продолжи да напаѓа и во продолжението. Вториот гол во мрежата на Кадиз беше дело на резервистот Горка Гурузета, кој две минути откако влезе на теренот стрела за 0-2. Домаќинот капитулира повторно, Сансет погоди од недозволена позиција, па реагираше ВАР. Сепак, Атлетик Билбао дојде до трет погодок преку Алекс Беренгер во 78. минута (0-3). Кога сите го чекаа крајот на натпреварот, Гурузета запиша уште еден гол на своето конто и во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат (0-4).
Атлетик Билбао по три кола има седум бода, исто колку Барселона и Виљареал, додека Кадиз е со три порази на последното место.