Атланта го отпушти Габриел Хајнце по само тринаесет натпревари

Минатата година отказ заработи Франк де Бур, а летово клупата на Атланта Јунајтед во МЛС лигата ја напушти и Аргентинецот, Габриел Хајнце. Младиот стручњак е отпуштен од тренерското место во Атланта Јунајтед, откако тимот оствари само две победи на тринаесет натпревари на кои Хајнце седеше на клупата.

43-годишниот поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, претходно седеше на клупата на Годо и Круз, Аргентинос Јуниорс и Велез Сарсфилд. 

35-годишниот, Роб Валентино, кој во последните три сезони беше помошник-тренер во клубот, е именуван за наследник на Хајнце на клупата на Атланта. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.