Атина гореше доцна во ноќта: Лудо се славеше европскиот трофеј на Олимпијакос (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос го кренаа пехарот во Конференциската лига на УЕФА, откако во финалето ја совладаа Фиорентина со 1-0 по продолженијата. Ајуб Ел Каби беше херој на грчкиот колектив, а среќата посака трофејот да го слават практично дома бидејќи финалето се играше во Атина. 

Славјето започна на „АЕК Арената“, стадионот на лутиот ривал на Олимпијакос, а продолжи до доцна во ноќта по улиците на Атина. Главниот град на Грција гореше, се славеше најголемиот фудбалски успех на клупски план. 

  • Дел од атмосферата на славјето:

Претходно најблизу до славје беше Панатинаикос во 1971 година кога стана европски вицепрвак. Инаку, на репрезентативен план Грците ја покорија Европа во 2004 година.