ВИДЕО: Атанасов стрела од пенал и донесе бод за Краковија

Македонскиот репрезентативец од редовите на полска Краковија, Јани Атанасов, постигна гол за својот тим на натпреварот против Заглебје и беше најзаслужен за освоениот бод од тешкото гостување. 

Натпреварот заврши со конечни 1-1, а голот на Атанасов дојде во второто полувреме, откако прецизно реализираше удар од најстрога казна во 73. минута. Овој гол се покажа како последен на мечот, а Краковија успеа да извлече позитивен резултат и сега има 25 бода, доволни за десеттата позиција во елитниот полски фудбал. 

Нашиот репрезентативец воедно беше најдоброоценет играч на гостинскиот тим (8,2), а ова за него беше вкупно четврти првенствен подогок во дресот на Краковија.