• Горан Упале
Maкедонскиот репрезентативец Јани Атанасов многу веројатно ќе има добие предизвик во кариерата. Оваа информација ја соопшти тренерот на Краковија, Давид Крочкек, кој во пресрет на новото коло во полскиот шампионат изјави дека македонскиот фудбалер не е во неговите планови и дека чека понуди од други клубови.
„Јани Атанасов нема да биде во ростерот за натпреварот со Раков. Разговаравме со него и му ја објаснивме ситуацијата. Тој чека понуди од други клубови“, рече тренерот Крочек.
Атанасов во Краковија се пресели пред две години од Хајдук, а претходно беше дел од Бурсаспор. 25-годишниот играч за врска своите фудбалски почетоци ги имаше во Академија Пандев, каде одигра една сезона.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.