Атанасов се раздели со Бурса: Тука не ја добив вистинската шанса за докажување

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Јани Атанасов, ја заврши својата авантура во турскиот тим Бурсаспор, каде пред две години потпиша од редовите на Академија Пандев.

Младинскиот репрезентативец преку писмо на социјалните мрежи ги информираше своите фанови дека го напушта тимот на Бурса со образложение дека не ја добил вистинската шанса за докажување. 

„Пред да се преселам во Бурса, во Македонија играв пред најмногу петстотини гледачи, а кога за првпат ја почувствував атмосферата на „Крокодил Арена“ - бев импресиониран. Овој клуб го избрав по препорака на менаџерите кои се грижат за мојата кариера, но за жал си заминувам, исто така по советите од менаџерите.

Уште од првиот ден немав позитивен пристап од страна на тренерскиот тим. Постојано бев надвор од А-тимот, а кога ќе прашав што треба да направам за да се поправам, не добивав соодветен одговор. Покрај спортските, тука имав и економски проблеми. Од првиот ден ја засакав Бурса, градот, навивачите, играв од љубов, се борев, но дојде време за разделба. За мене ќе бидете најдобрите навивачи.

Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи со кои досега играв. Тие ми се како браќа, ги сакам сите и им посакувам многу успеси во животот. Убеден сум дека Бурса ќе ја вратите каде што заслужува. Си одам од Бурса со крената глава“, напиша на социјалните медиуми, Атанасов.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hoşçakalın Bursaspor Ailesi

A post shared by Jani Atanasov (@janiatanas8v) on

Струмичанецот бележеше одлични настапи во дресот на Академија Пандев, а во последната сезона во ПМФЛ, на 28 натпревари постигна четири гола и запиша осум асистенции. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.