• Горан Упале

Екипата на Брера Струмица дури по изведувањето на пеналите го елиминира второлигашот Арсими и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.
Во Струмица регуларниот дел од натпреварот заврши со 1-1, а потоа следуваше удари од единаесер метри. Нешто пред последниот судиски свиреж, кога беше јасно дека средбата влетува во пенал-рулетот домашниот стратег Атанасов се реши за несекојдневен потег и смени голман. Во игра влезе 17-годишниот Давид Илоски на местото на Славе Вргов.
- Пенал серијата на натпреварот Брера Струмица - Арсими:
Токму младиот Илоски беше херојот на струмичани, затоа што запиша успешна интервенција во втората серија и го одведе својот тим во предност, а потоа и победа.