• Саше Љолес
Македонскиот прволигаш Брера Струмица официјално ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Струмичани ја започнаа мисијата со новиот тренер Тони Атанасов и веќе тренираат на комплексот „Горан Пандев“.
Струмичани ќе тренираат секојдневно, а стручниот штаб ќе работи за техничко-тактичките замисли. Планирани се и неколку контролни натпревари, а истовремено ќе се бараат и играчи кои би го засилиле тимот во зимскиот преоден рок.
Целта е опстанок во лигата, но мисијата ќе биде тешка со оглед на финасиската ситуација во клубот и заминувањето на повеќе првотимци. Брера Струмица го заврши првиот дел од сезоната на осмата позиција на табелата.