ВИДЕО: Атанасов и Хајдук со гол во 98. минута ја срушија Ријека на Велковски

Фудбалерите на Хајдук Сплит се радуваа во „јадранското дерби“ против Ријека со 2-3 (0-1), во рамките на 16. коло во Хрватската прва лига. Популарните „били“ поведоа во првиот дел, па домаќинот направи пресврт и водеше до финишот, но со гол примен во осмата минута од судиското продолжение Хајдук победи. 

  • Извештај од натпреварот: 

На овој натпревар стартер за Ријека беше македонскиот репрезентативен стопер Дарко Велковски, додека на полувремето во игра влезе и Јани Атанасов на средината од теренот во Хајдук. 

Околу дуелот, Марко Ливаја во последната минута од првиот дел донесе предност за Хајдук од 0-1, но Јосип Дрмиќ од игра и Роберт Муриќ од белата точка направија пресврт во продолжението. Ливаја врати во иста мера, со погодок од 11 метри израмни на 2-2 во 84. минута, а херој на гостинскиот тим беше Јосип Млакар. Хајдук во 98. минута преку Млакар дојде до пресврт-победа во Ријека, многу важна за опстанок во трката за лидерските позиции. 

По петнаесет одиграни натпревари Ријека има 30 бода на второто, додека Хајдук со три помалку е четврти. Меѓу нив е шампионот Динамо Загреб кој има меч помалку и 28 бода.