• Редакција Gol.mk
Искусниот македонски интернационалец Давид Атанасковски веројатно пак ќе ја менува средината. По добрата пролетна полусезона во Партизани од Тирана, левиот бек пак е слободен фудбалер и ќе избира каде ќе ја продолжи кариерата. За услугите на Атанасковски заинтересирани се клубови од Романија и Казахстан.
28-годишникот беше дел од Партизани од 2022 година и боите на овој клуб ги бранеше до крајот на предминатата сезона, по која се реши за нов предизвик и потпиша за Јаши. Во својата кариера Атанаскоски настапуваше уште за Македонија ЃП, Шахтер Караганди од Казахстан, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тетекс.
Во двете етапи во Албанија, Атанасковски одигра 71 натпревар, постигна два гола и запиша една асистенција.



